Исповед на една мајка | Синот не е повеќе со нас заради вакцината

3792

Нашата борба со глупавиот канцер траеше до 22 март 2014г. Тогаш неговото изнемошено тело, телото на мојот мал Томи, не можеше повеќе да издржи, болеста победи. Преживеа две операции, хемотерапии од кои доби панкреатит, па 40 дена не смееше ни вода да се напие, а камо ли храна. Неговата состојба беше многу лоша и се обративме до директорката на детската клиника др. Софијанова за помош. Таа дојде, го виде детето и ни вети дека кога ќе закрепне малку, за да може да патува, она лично ќе се заложи Томи со хелихоптер да го однесе во Германија. Беше август, и детето закрепна.

Ја побаравме дотичната госпоѓа докторка, но неа ја немаше – исчезна, замина на одмор. И немајте сомнеж, и мојот Томи за нив е САМО уште една Тамара, за која никој не знаеше до сега. Уште колку се – Господ знае. Токму затоа сакам јавно да и поставам едно прашање на хуманистката Софијанова: госпоѓо, имате ли вие душа? Имате ли совест? Како заспивате навечер?

Во меѓувреме можеби се запрашавте што има заедничко тумурот со вакцините?

Има, и тоа многу. Додека траеше сета оваа агонија на нашето семејство не престанавме да трагаме по лекот, не престанавме да бараме спас од очајот во кој се најдовме. Стигнавме и до Хрватска. Е таму драги мои, таму докторите малку поотворено говорат за каузалитетот вакцини – сите ‘модерни’ болештини на децата денес. Откако таму ја раскажав цела ситуација од почетокот до тогаш, сомнежот прв и веднаш беше изречен – последица од вакцина.

Тогаш почнав да истражувам. А само кога го прочитав составот на вакцините, ми се слоши, паднав. Се прашував: на кого тоа ние животите на нашите деца ги полагаме? Како можев онака слепо да им верувам на тие во бели мантили? Зар легитимитето кој им е даден не го полагаа пред Хипокрит? Па и преку Хипокрита: имаат ли совест и свест за она што го чинат? Одговорот се уште не можам да го најдам. Или не сакам – не знам. Зар парите се над животот??? И што впрочем е над еден човечки живот, сем Господ?

Продолжува на страна 3