ARS NOTORIA НА ЦАРОТ СОЛОМОН | Антички текст открива како да се дојде до супермоќ, но последиците се страшни

1989

Соломоновиот Ars Notoria на оние кои ќе го совладаат им дава „академско знаење“ – елоквентност, совршена меморија и мудрост, но последиците биле многу пострашни.

Ars Notoria е средновековен гримоар кој припаѓа на т.н Соломоновиот циклус. Најстариот познат ракопис датира од 13 век, а можно е да е од постаро потекло, бидејќи се базира на постари извори, пишува Ancient origins.

За разлика од другите гримоари, кои се занимаваат со магични напивки, магии или демони, Ars Notoria носи молитви и ораториуми кои ја зајакнуваат менталната сила, барајќи од Бога совршено паметење.

Ars Notoriaе откриена на Соломон од страна на Врховниот Творец. Во името на Светиот и Неделивото Тројство, тој ја совладал Светата уметност на знаење, откриена на Соломон, кои Севишниот му ги пренел преку светите ангели на Соломон на олтарот на Храмот; духовен и механички, со сите знаења и својства. Во еден момент му е всадена сета мудрост, да ги зборува светите мистерии и најсветите зборови„ меѓу другото стои во книгата.

Визии на демони и кошмари

1) Ars Notoria: Озлогласената Ars Notoria на Соломон, кабалистички клуч на: магичните операции, либералната наука, божественото откровение и уметноста на сеќавањето, 1657 година.
2) Buer, 10-тиот дух, кој предава „Морална и природна филозофија“, од Dictionnaire Infernal, грмоара за демонологија.
3) „Одреден магнетен експеримент“ кој користи игли од камен и компас за наводно комуницирање на далечина.

Молитвите и волшебните зборови во книгата се напишани на неколку јазици, вклучувајќи хебрејски, грчки и латински. Книгата е „рецепт“ и тврди дека оној кој следи специфичен редослед на молитви, медитација и визуелизација ќе стекне неограничено знаење.

Но, неколку поединци кои се обиделе да ја совладаат „неславната уметност“ ги добиле токму спротивните резултати. Јован (John) од Morignya, монах од 14 век, побожно се обидел да ги следи упатствата на Ars Notoria. Но, наместо знаење и мудрост, тој доби кошмари, визии за демони и опсесии. Подоцна ја напишал својата книга Libor Visonum, во која ги предупредува луѓето да се држат настрана од Ars Notoria.