Астрономите велат дека грешката околу објектот што треба да ја погоди површината на Месечината во март ги нагласува тешкотиите во следењето на длабоката вселена.
Експертите за астрономија велат дека првично погрешно ги протолкувале тајните на ноќното небо: се испоставило дека ракетата, која се очекува да падне на Месечината кон почетокот на март, ја изградила Кина, а не SpaceX, пишува The Guardian.
Ракетата навистина ќе ја погоди површината на Месечината на 4 март, но спротивно на она што било најавено, ракетата не ја изградила компанијата на Elon Musk, туку Пекинг, велат сега експертите.
Ракетата 2014-065B, наводно е засилувач за Chang 5-T1, лансиран во 2014 година како дел од програмата за истражување на Месечината на Кинеската вселенска агенција.
Извинете за грешката
Изненадувачката најава ја дал астрономот Bill Gray, кој прв ја идентификувал претстојната несреќа, а ја признал својата грешка минатиот викенд.
„Оваа (искрена грешка) само го истакнува проблемот со недостатокот на соодветно следење на овие објекти во длабоката вселена“, напиша на Твитер астрономот Jonathan McDowell, кој се залага за поголема регулација на вселенскиот отпад.
„Објектот ја имаше приближно светлината што би ја очекувале, а се појави во очекуваното време и се движел во разумна орбита“, напишал тој во најавата. Но, „гледајќи наназад, требаше да забележам некои чудни работи“ за неговата орбита, додаде тој.
NASA кон крајот на јануари соопшти дека ќе го набљудува кратерот кој ќе се формира со експлозијата на овој објект, благодарение на сондата што орбитира околу Месечината, Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO). Агенцијата го нарече настанот „возбудлива можност за истражување“.



















