Еве како да ги препознаете првите знаци на дислексија

522

Се до третата година од животот детето го покажува првиот интерес за пишаниот јазик, низ детските книги и сликовници со кои е опкружено.

Во четвртата година детето може да почне да пишува од лево на десно и од горе надолу, а забележува и дека зборовите се состојат од букви.

Во претшколскиот период детето почнува да ја прифаќа синтезата и анализата на кратките зборови, повторува зборови, си игра со нив и памти кратки песнички.

На училишна возраст детето забележува дека изговорените зборови соодветствуваат на напишаните зборови па во тој период се усвојува техника на читање која се базира на препознавање на пишаните букви.

Околу деветата година од животот детето може автоматски да чита без размислување и без тешкотии.

Ако детето не напредува како што е наведено, можно е да има проблеми со дислексија која може да биде развојна и која се појавува како пореметување на читањето.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.