Навики кои треба да ги исфрлите од животот кога ќе наполните 30 години

310

Дотогаш сме научиле неколку паметни и поучни работи за животот, а сега е време да научиме уште неколку нови работи.

8 работи кои во 30-ите со самодоверба и сигурност ќе ги исфрлите од животот:

1. Помалку од 7 часа сон секоја ноќ

7 или 8 часа, никогаш не треба да ги земате здраво за готово. Ноќниот живот и не е така супер наредниот ден.

2. Идејата дека постојат „возрасни луѓе“

Не постојат „возрасни“. Ова е теорија во која сме верувале додека сме биле млади, но како се однесуваат возрасните луѓе? Единственото нешто што можеме да го научиме е дека постојат мудри луѓе.

3. Дружење со „неважни“ луѓе

Во 30-ите ќе престанете да се грижите за мислењето на неважните луѓе, а сè што ќе барате се вистински пријатели на кои можете да се потпрете.

4. Да кажувате „да“ буквално на сè

Границата е да најдете што ви годи, а што не. Во ред е да кажете „не“ тогаш кога знаете дека ќе почнете да ги трошите и последните сили.

5. Да се извинувате тогаш кога знаете дека не сте направиле нешто лошо

Како за зборот „да“, истото важи и за „извини“. Само си ја уништувате самодовербата, а кога се извинувате за нешто за кое знаете дека не сте виновни.

6. Грижата за декорот

На крајот на денот, никој нема да памети како сте си го уредиле домот, како сте ја наредиле масата за јадење, како сте ја декорирале храната… Сè што ќе паметат луѓето е како сте ги пречекале.

7. Тоа што постојано заборавате да заштедите пари

Добро знаете, секогаш треба да имате нешто плус за „црните денови“.

8. Туркање на проблемите „под тепих“

Тешките разговори и решавањето на проблемите се секогаш најдобра опција, игнорирањето и негирањето само ви го отежнуваат животот.