50 работи за сексот кои мора да ги знаете (5)

453

Сексот веќе одамна не е табу тема и луѓето многу пооотворено ги споделуваат своите искуства кога е истиот во прашање.

За да можете целосно да се препуштите на страстите и да уживате во него, треба да бидете свесни дека тоа е нешто кое го правите затоа што навистина го сакате, а не затоа што морате или на тој начин сметате дека ќе задржите некого до себе.

Глумењето, сексот без заштита или сексот кој ви причинува болка се нешта кои навистина не треба да бидат дел од вашиот живот и колку порано го сфатите тоа, толку ќе се чувствувате подобро.

Ова се работите за кои еден ден ќе помислите дека ќе беше многу подобро да ги знаевте многу порано:

41. Тоа што го гледате на порно филмовите е една голема лага.

42. Сосема е нормално вашиот сексуален живот да личи на плима и осека во врска со сексуалните желби со партнерот. Тоа не значи дека нешто не е во ред со врската, тука е показател дека подолго време сте заедно.

Затоа опуштете се, разговарајте и сè ќе биде во ред.

43. Но, ако некогаш посакате да престанете, тогаш веројатно постои поголем проблем кој треба да го решите. Разговарајте веднаш, не одолговлекувајте.

44. Не дозволувајте некому да преспие кај вас само затоа што сте имале секс.

45. Истото важи и за користењето на вашиот туш (и шампон).

46. Или за твојата храна.

47. Не постои спонтан анален секс. За него треба време и подготовка.

48. Сексот е сличен како возење велосипед, штом еднаш научиш, никогаш не се заборава.

49. Имаш право да кажеш „не“ и да го смениш мислењето секогаш кога сакаш.

50. Ако не сакаш да имаш секс за време на циклусот, не потпаѓај под никакви наговарања.