Метеоритот долетал со неверојатна брзина од 200.000 километри на час.
Вселенската команда на Соединетите држави конечно објави строго чувани документи кои откриваат детали за „мистериозниот објект“ кој експлодирал во вселената пред осум години (8 јануари 2014 година), пренесува NY Post.
Запалената огнена топка била забележана над југозападниот дел на Пацификот во Папуа Нова Гвинеја во 2014 година, а сега е потврдено дека станува збор за меѓуѕвезден објект.
Станува збор за прв меѓуѕвезден метеорит откриен во нашиот Сончев систем, а летал со неверојатна брзина од 200.000 километри на час.
Ваквите брзини се нечуени кога се во прашање метеорите од Сончевиот систем, а Командата верува дека парчињата од таа карпа, всушност широка само 45 см, завршиле во Тихиот Океан.
Теоретскиот астрофизичар од Харвард, Amir Siraj, најави дека ќе види дали е можно да се пребара океанското дно покрај брегот на Папуа Нова Гвинеја со намера да се најдат и извлечат барем некои фрагменти од метеоритот.
Имено, сите се возбудени од помислата дека првиот меѓуѕвезден материјал стигнал до нашата Земја и дека знаеме каде се наоѓа, вели NY Post во веста.