Навики кои можете да ги применувате за среќен живот

226

Според психологот Мартин Селигман постојат три типови на животен стил заради кои можете да бидете среќни:

A. Живеење на живот исполнет со позитивни емоции и задоволства.

B. Живеење на живот исполнет со грижа и посветеност, барање среќа во работата, родителство и љубов.

B. Барање на значење и суштина на вашиот живот, откривање на внатрешните силни страни и маани.

Направил истражување и открил дека она првото, каде сме во потрага по задоволства и пријатни емоции не се поврзува со вистинската среќа, но од друга страна, вторите два типа дефинитивно можат да ве направат среќни.

Понатаму во истражувањето открива навики заради кои среќните луѓе се всушност, среќни.

Навики кои и вие можете да ги применувате за среќен живот

  • Среќните луѓе имаат навика да се опкружат себеси само со други среќни луѓе.
  • Среќните луѓе, дури и тогаш кога немаат посебна причина, се смеат.
  • Имаат способност брзо да соочат со лоши вести, шокови и несреќа, и брзо се враќаат во својата нормална состојба.
  • Се обидуваат да бидат среќни. Токму така, колку и да звучи едноставно, всушност тие секогаш се обидуваат да пронајдат среќа.
  • Ги слават дури и најмалите успеси.
  • Уживаат во малите задоволства.
  • Дел од својот живот го посветуваат на тоа да му дадат, остават нешто на светот, посебно на другите луѓе околу нив.
  • Си дозволуваат да бидат понесени од моментот, целосно да истражат до каде се границите на нивната мотивација и интерес за нови работи, а тоа ги води и до успех.
  • Преферираат длабоки разговори.
  • Парите не ги трошат само на себе, туку и на другите.

Продолжува на страна 2