Пита со зеленчук и кравјо сирење | Видео

141

Во нашиот видео рецепт, научете како да подготвите пита со зеленчук и кравјо сирење.

Освежителна пита со зеленчук и кравјо сирење е пријатен додаток на семејството на пити! Нам ни е познато, а вие треба да се уверите.

Потребни состојки

  • пченично брашно, 400 гр
  • свежо кравјо сирење, 375 гр
  • путер, 300 гр
  • шунка, 200 гр
  • брокула, 1 глава
  • свежа црвена пиперка, 1
  • свежа жолта пиперка, 1
  • јајца, 5
  • млеко, 60 мл
  • пченкарен скроб, 1 лажица
  • прашок за пециво, 1 кесичка
  • морско оревче, 1/4 лажиче
  • босилек, 1 лажиче сушено
  • сол и црн бибер

Подготовка чекор-по-чекор

  1. Одделете ги цветовите на брокулата од дршката, исечете ја шунката на ленти, пиперките на стапчиња, стопете 100 гр путер, исечете 200 гр путер на коцки, изматете четири јајца во сад, а изматете едно во посебен сад.
  2. Во посебен сад, просејте го брашното и прашокот за пециво, додадете го путерот исечкан на коцки, лажичка сол и со прсти втријте го путерот во брашното.
  3. Кога смесата же довие изглед на трошки леб, истурете го изматеното јајце и нежно измешајте ги состојките со лажица.
  4. Потоа префрлете ја смесата на работната површина и месете го тестото со раце. Од тестото, формирајте топка, префрлете ја во чист сад, покријте со чинија и оставете да отстои околу 10 минути.
  5. Во меѓувреме, истурете го млекото во садот со стопениот путер и изматените јајца, зачинете со ренданото морско оревче и сушениот босилек, додадете пченкарен скроб и добро измешајте ги состојките со жица за матење. Потоа додадете кравјо сирење, зачинете со сол и измешајте сѐ заедно – добро.
  6. Префрлете го преостанатото тесто во плех, развлечете го со сукало до дебелина од 5 милиметри, отстранете го вишокот од тестото и избодете го тестото на околу 10 места со вилушка.
  7. Потоа брокулата и лентите со шунка распоредете ги врз тестото, а врз нив истурете ја мешавината од сирењето и јајцата, и врз сето тоа додадете ги стапчињата од пиперките, ставете ги во рерна загреана на 190°C и печете 25-30 минути.
  8. Исечете ја готовата пита на парчиња и сервирајте.