Починал откако бактериите му го изеле организмот | Внимавајте на Vibrio vulnificus – бактеријата месојад

2517

Еден маж од Флорида починал за помалку од 48 часа откако бил заразен со бактерија која јаде месо, по што неговата ќерка почнала да ги предупредува луѓето на оваа опасност.

„Бактерија која јаде месо звучи како урбана легенда. Дозволете ми да ве уверам дека не е така“, цитираше Шерил Бенет Вигол од Најсвил на Фејсбук.

Нејзиниот татко Дејв Бенет минатата недела дошол кај неа на посета од Мемфис и престојувал во Дестин, популарен крајбрежен град, со Шерил и нејзината мајка. Семејството уживаше во денот на плажа кога Бенет се заразил.

„Во четвртокот бевме во заливот на брод, близу островот Креб, отидовме двапати на плажата во Дестин, поминавме околу реката Турки, пливавме во нашиот базен. Петокот го поминавме во кантри клубот Роки Беј. Тато остана буден за да го гледа филмот. Беше среќен, разговорлив, делуваше дека добро се чувствува во текот на целата недела“, вели Шерил.

Сепак, во саботата, Бенет се разбудил со треска, морници и грчеви.

„Моите родители секако планирале да се вратат во Мемфис тоа утро, а мајка ми сакаше да биде со него кога лекарите ќе го прегледуваат“, рече Шерил во објавата, додавајќи дека нејзиниот татко имал карцином и неговиот имунитет веќе бил загрозен.

Лекарите во Мемфис го познавале, па семејството одлучило дека е најдобро таму да отидат на преглед. Семејството Бенет порано слушнале за проблемите со бактеријата која јаде месо, па се обиделе да внимаваат каде и како се движат. Неодамна, 12-годишно девојче било заразено со бактеријата во Дестин.

„Девојчето имало рана на ногата, па сметав дека не треба да влегува во вода со рани. Направив некои истражувања на Интернет. Татко ми немаше отворени рани. Ги имаше на неколку места практично зараснати, мали красти на рацете и нозете, а јас се погрижив да бидат супер затворени. Презедовме заштитни мерки и мислев дека така е добро“, рече Шерил.

Alex Lewis (34) ги загубил сите четири екстремитети кога една обична настинка преминала во смртоносна бактерија која јаде месо. Тој неодамна поминал 20 часа на операционен стол за да лекарите повторно му ги направат усните, кои исто така биле нападнати од бактериите.

ЦРН ОТОК

Нејзиниот татко се борел со карциномот со години и веќе влегувал во водата, така што семејството не сметало дека е ризично да плива. Сепак, помалку од 48 часа по патувањето, Бенет починал.

„Ова е толку лично што не сакав да пишувам за тоа, но ако можам да помогнам барем на едно лице вреди да се потрудам“, додаде Шерил.

Лекарите се обиделе да го спасат татко ѝ, но не успеале. Нејзината мајка испратила фотографија на од тако ѝ од болница и Шерил забележала дека има црн оток на грбот, што го немал претходно. Таа веднаш ѝ рекла да им каже на лекарите дека пливал во водите на Флорида и дека тоа е некротизирачки fascitis, односно бактерија која јаде месо. Почнале да му даваат антибиотици. Во меѓувреме, црниот оток се удвоил, а се појавил и друг. Неговите раце биле отечени и имал болки. Лекарите рекле дека неговите органи се премногу оштетени, а крвта премногу кисела за да го одржи во живот.

„До саботата попладне го немаше веќе“, рече Шерил.

Лабораториските резултати подоцна потврдиле дека Бенет се заразил со бактеријата Vibrio vulnificus, која се манифестира во некротизирачки fascitis, што на крајот доведува до сепса. Бактеријата Vibrio се пренесува со јадење сурова или недоварена морска храна или преку отворена рана. Шерил изјави дека нема предупредувања на плажата за водата да е заразена со бактерии, како што обично прават.

„Никогаш немаше да го одведам татко ми во вода, ако имаше предупредување“, истакнала таа.

Flesh Eating Bacteria sounds like an urban legend. Let me assure you that it is not. It took my Dad’s life. This is so…

Gepostet von Cheryl Bennett Wiygul am Mittwoch, 10. Juli 2019