Здравствена корист од маслинките

106

Маслинките во себе содржат олеинска масна киселина, која го подобрува здравјето на срцето, го регулира холестеролот и ви го подобрува имунитетот.

Во исто време, маслинките се богати со железо, калциум, витамини К и Е и натриум.

Со помош на маслинките, ќе успеете да ослабнете. Телото троши многу калории додека да ги свари сите хранливи состојки, што значи дека и покрај тоа што се масни, нема да ве здебелат.

Тие го штитат вашето срце со помош на олеинската киселина. Затоа и луѓето кои се хранат со медитеранска храна, односно имаат маслинки и маслиново масло редовно на менито имаат пониска стапка на кардиоваскуларни заболувања.

Маслинките содржат антиоксиданси кои го подобруваат вашиот имунитет. Исто така може да ве заштитат и од некои типови рак.

Благодарение на маслинките, можете да ја подобрите меморијата. Со редовно консумирање маслинки и маслиново масло ќе го сочувате и своето репродуктивно здравје. Ова важи и за мажите и за жените. Витаминските компоненти ќе ја чуваат вашата кожа млада и здрава долго време.