Намалете го крвниот притисок со овој здрав напиток

241

Причината за овие добри резултати на смутито со боровинка истражувачите ја препишуваат на моќните антиоксиданси што ги содржи боровинката.

Освен антиоксиданси, оваа комбинација е преполна со калиум, кој на природен начин го намалува крвниот притисок. За да постигнете добри резултати, направете си го ова вкусно смути.

Еден дел користете го како појадок, а остатокот како поладневна ужина.

Состојки

  • 1 шолја замрзнати боровинки
  • 1 зрела банана
  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја млад спанаќ

Подготовка

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста структура.