Домашните мачки најдобро е да се чуваат дома, бидејќи тие не се родени и израснати на улица, па така и се помалку имуни на болести и паразити.
Доколку сте одлучиле да имате домашен миленик мачка, тогаш треба да сте сигурни дека сте обезбедиле услови за вршење нужда, како и редовно да им бидат достапни храна и свежа вода.
Домашните мачки, кои се родени во нечиј дом и таму растеле, доколку ги пуштате надвор, пред сè ги изложувате на опасност да настрадаат, бидејќи немаат развиен инстинкт за преживување како нивните улични роднини.
Потоа, може да се случи да изедат затруена храна, а се и изложени на болести и паразити, кои ќе ви донесат и високи ветеринарни сметки, но и потенцијално губење на вашето сакано милениче.