Еве како најлесно да го запомните сонот

1330

Психолозите тврдат дека е можно да се совлада техниката на запомнување на соништата.

Соништата честопати се мистериозни, со подлабоко, обично скриено значење, и ова е особено точно за луѓето кои имаат проблеми да запомнат за што сонувале.

Експертите потенцираат дека вообичаен мит е дека меморијата од соништата е знак на добро или лошо здравје.

Исто така, тие наведуваат дека со помош на 6 техники, можно е да се совлада техниката на меморија од соништата.

Подготовки за спиење

Подготовката за спиење е важна: вежбајте во текот на денот за да го заморите организмот, јадете здраво и да избегнуваjте храна што може да го оптеретува желудникот. Исто така, прескокнете коктели или чаша вино после вечерата.

Автосугестија

Понекогаш моќта на сугестија е сè што треба да ги запомниме соништата. Поставете си цел пред спиење: да се нурнете во светот на соништата вечерва.

Луцидни соништа

Една од техниките што можете да ги користите се луцидни соништа, и иако ова не е лесна задача, доволно е само да бидеме свесни дека сонуваме во одреден момент.

„Вечерва, ќе бидам многу повнимателен во моите соништа, и кога ќе видам нешто необично, ќе бидам свесен дека сонувам“, изјавуваат експертите – реченица која мора да ја повторите пред спиење.

Продолжува на страна 2