Бавно будење
Студијата спроведена на Харвард покажува дека клучен чекор е начинот на кој се будиме. Останете во кревет малку подолго, во состојба на полусон. Повеќето луѓе скокаат од кревет и сакаат да се разбудат што е можно поскоро, со што се минимизира можноста за запомнување на соништата.
Запишете ги вашите соништа„Ако се разбудите и имате фрагменти од соништата, запишете белешки за тоа што сте сонувале, пред да направите нешто друго. Важно е да се посвети поголемо внимание насамиот сон. Друга стратегија е да му кажете на партнерот за што сонувавте веднаш по будењето “, вели психијатарот Елен Вора.
Бидете стрпливи
Ако сакате да ја совладате техниката на запомнување на соништата, мора да бидете упорни и трпеливи, бидејќи тоа нема да се случи преку ноќ. Затоа што минуваме скоро третина од нашите животи спиејќи, не е ни чудо што соништата толку нè интригираат.



















