Детоксикација | Сок од лимон и ѓумбир

1765

Народната медицина препознава многу алтернативни начини за почистување на телото, од консумирање маслиново масло наутро, до сокови кои помагаат во таа намена.

Потребно

  • 500 мл провриена, па оладена вода
  • 6 свежи лимони
  • Парче свеж ѓумбир
  • 3 грејпфрута
  • Една рамна лажичка мелен ким
  • 5 листа свежо нане
  • 3 лажички масло од ленено семе

Подготовка

Исцедете ги лимоните и грејпфрутите. Ѓумбирот изблендирајте го со малку вода. Измешајте во исцедениот сок, потоа додадете го кимот и маслото, измешајте со водата и ставете го нането да отстои и чувајте ја смесата во фрижидер.

Наутро протресете го шишето и пијте по 200 мл пред појадок.