Точка на среќата на нашето тело | Таа ја неутрализира негативната енергија и го зајакнува имунолошкиот систем!

376

Постои орган во нашето тело за кој многу малку се зборува, но кој со право можеме да го наречеме “тркалото на среќата”. И не е потребно долго време да се бара. Тоа е тимусот или градна жлезда.

Тимусот или градна жлезда (лат. Thymus) е орган кој се наоѓа на предниот, горниот дел од градниот кош односно медијастинумот. Тимусот е централниот орган на имунолошкиот систем. Кај новороденчињата и децата добро е развиен, а после пубертетот започнува неговата инволуција и претворање во масно тело.

Клучевите на човековиот имунитет ги држи тимусот. Оваа жлезда игра важна улога во развојот за телото најважните одбранбени крвни зрнца Т лимфоцити и вкупниот имунитет, а воедно таа е првата која во телото почнува да старее.

Експертите од областа на биологијата и имунобиологијата во моментов развиваат методи за, во најмала рака, обновување на функцијата на тимусот со помош на матичните клетки. По воочување на недоволната успешност на антибиотиците и вакцините кај имунолошкиот систем, во моментов науката полага огромна надеж во продолжувањето и квалитетот на животот кој ветува успешност на ова истражување на тимусот!
Како да се пронајде местото каде што се наоѓа тимусот

Треба само да ставите два составени прста на вдлабнатината на предниот долен дел на вратот, веднаш над градната коска. Тоа е приближна локација на тимусот.

Тимусот, исто така, го нарекуваат “тркало на среќата”. Оваа жлезда помага да се неутрализира негативната енергија, да се зајакне имунолошкиот систем и сѐ вкуното здравје.

Како да ја активирате точката “тркалото на среќата”:

Малку тупкање, допирање и нежна масажа на оваа точка се многу ефективни методи кои помагаат да се подигне вашата енергетска вибрација на повисоко ниво.

Оваа жлезда ја чува енергијата на нашето тело. Затоа, кога во нашиот енергетски систем се јавува нерамнотежа, токму таа жлезда може да помогне. Тоа е мост помеѓу мозокот и телото. За време на стрес жлездата се намалува, што доведува до редукција на животната енергија.

За да ја стимулирате градната жлезда (тимусот) можете и со дланка (само благо допрете, тупкајте, не да удирате силно по градите). Можете да ја тупкате или нежно да допрате со прстите, масирајте. Правете го ова околу 20-30 секунди и при тоа длабоко дишете. Се разбира, можете да изговарате некоја позитивна афирмација во тој момент.

Ќе дознаете кога вашето место на среќа “се активирало”- ќе имате чувство дека ви поминува трнењето по телото и ќе имате чувство на радост и среќа. Може да помине некое време додека не почувствувате нешто. Правете ја вежбата секој ден и сигурно ќе ја доживеете нејзината ефикасност.

Ако имате чести напади на паника, вознемиреност, стрес – правете го ова неколку пати на ден и ќе бидете во можност да ја повратите својата животна рамнотежа.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk