Најладното место во светот | Вчера измерени -63 степени | Видео

266

Температурата во најстуденото село во светот достигна рекордно ниско ниво, бар за почеток на годината, откако дигиталниот термометар измерил -63 степени Целзиусови.

Селото Oymyakon се наоѓа во рускиот регион Јакутија, именуван по реката Ојмајкон, што во превод значи “незамрзната бара, место каде што рибите ја минуваат зимата”.

Дигиталниот термометар, кој можете да го видите во прилогот, поставен е минатата година како туристичка мамка. Инаку, Oymyakon е местото каде што е измерена најниската температура во историјата, 1933 термометарот покажал -68 степени, пренесува Independent.

Ова се односува на населениот дел од светот, инаку НАСА 2013 година објави дека е измерена најниската температура од -97 Целзиусови степени на Антарктикот.

Oymyakon има близу 500 жители, кои, и покрај исклучително ниските температури, живеат нормално и извршуваат работи.

Неодамна Елена Потошка, новинарка, сведочеше на група кинески туристи кои се капеа во долна облека на температура “дебело” под нулата.