5 мистериозни места на кои се случиле страшни работи и никој не ги објасни | Фото/Видео

4147

Сите ние слушнавме за Бермудскиот триаголник, меѓутоа, дали знаевте дека постојат и неколку други, еднакво мистериозни места во светот?

Ѓаволско Море

Исто така, постои и област со триаголна форма сместена по должината на брегот на Јапонија, а ја карактеризираат мистериозни исчезнувања, необјаснети светла и магнетни аномалии, па дури и јапонската Управа за риболов ја смета таа област за опасна. Во 1952 година, во областа била испратена експедиција со цел да ја испита оваа мистерија. Претпоставувате – тие никогаш не се вратиле.

Очигледно, уште и Кублај Кан ја искусил суровоста на Ѓаволското море, кога се обидувал да ја нападне Јапонија преку ова море, изгубил повеќе од 40.000 војници.

Теориите се следни – вонземски форми на живот, порта на некој паралелен универзум, Атлантида, големи вулкански ерупции …

Ранч Бигелоу

Имот со големина од 480 хектари, кој се наоѓа во американската држава Јута, необјасниви настани почнале да се случуваат уште во 50-тите години на минатиот век, но станале почести кога ранчот го купил брачниот пар Шерман во 1994 година.

На првиот ден на својот престој таму виделе волк на кои му се приближиле и кој дури им дозволил и да го погалат, но, одеднаш скокнал на оградата и гризнал едно од нивните јагниња за муцка.

Тери Шерман извадил пиштол и го застрелал волкот, но од куршумот ништо не му било. Отишол во куќата по пушка, повторно го погодил волкот – но, повторно ништо. Шерманови потоа се обиделе да го пронајдат, но неговите траги ненадејно ги немало како да исчезнал.

После тоа, тие биле сведоци на бројни НЛО објекти, сакатење на животни и други слични нешта. Ранчот на крајот го продале на Роберт Бигелоу, основачот на Националниот институт за наука, кој се уште го проучува феноменот на ова место и ден денес, пишува ListVerse.

Долината Сан Луис Колорадо

Во долината лоцирана во југозападниот дел на Колорадо, се пријавени илјадници НЛО и стотици унаказени животни. Првата меѓу нив била кобилата Синди во 1967 година, која била пронајдена без мозок.

На неа немало никакви повреди кои би можеле да објаснат како мозокот е извлечен од главата на животното. Слично било и со сите други животни. Сите беа унаказени, а кај ниту една не се пронајдени никакви резови, убоди или траги од крв.

Беше отпочната истрага која никогаш не дала резултати, а необјасниви работи се случуваат и денес.

Бенингтоновиот триаголник

Уште еден триаголник, овој пат во Југозападниот Вермонт е место на мистериозни исчезнувања. Прво исчезнал еден ловец, потоа рекреативец кој тргнал на пешачење, еден ветеран и уште неколку луѓе.

Сето ова се случувало од 1945 до 1950 година, а исчезнувањата секогаш се случиле помеѓу 1 ноември и 20 декември.

Езерото Ањикуњи

Ова езеро во канадската провинција Нунавут во 1930 година проголто цело село.

На местото на селото е пронајдено сѐ – оружје, храна, играчки … сѐ освен луѓе.  Биле пронајдени тела и 7 изгладнети волчјаци, а бил отворен и еден гроб.