Местата на кои се дебелеете откриваат здравствени проблеми

2531

Деловите на телото на кои се дебелеете не откриваат само дека сакате многу да јадете, туку и некои други работи.

Додека за повеќето луѓе, слаба точка за упорните тврдокорнии масти е стомакот, жените најчесто имаат проблеми со собирање на сало на нивните бедра. Тие масти не се само показател за забавување на метаболизмот и внес на премногу калории, туку зборуваат најмногу за здравјето и навиките во исхраната на човекот. Иако самата градба на телото во најголема мера е условена од генетиката, распоредот на мастите нѝ кажува повеќе за нашето здравје отколку што мислиме, покажале обемните анализа на нутриционистичките студии.

Авторот на светски познатиот режим на исхрана Clean&Lean и личниот тренер на бројните модели James Duigan вели дека погрешната храна, хормонската нерамнотежа, стресот и токсините диктираат каде мастите ќе се акумулираат.

– Мит е дека од проблематичните делови мастите/салото не може да се отстрани, но за тоа е потребно да се открие причината за неговата акумулација и да се утврди добар тренинг и исхрана – вели James Duigan.

Сало на стомакот

Стомакот е вашата проблематична област, ако тој изгледа дебело или подуено, ниту по поголемо губење на тежината не сте имале рамен стомак, а при секое зголемување на телесната тежина тоа прво го забележувате на стомакот.

Причината за акумулација на абдоменалната маст на стомакот најчесто е стресот, покажала студијата на Универзитетот Yale.

– Зголемена изложеност на стрес ја зголемува активноста на хормонот кортизол, а мастите на стомакот имаат повеќе рецептори за кортизол од било кој друг вид на масти на телото – изјави раководителот на споменатата студија, професор Elissa Epel.

Исто така, откриле дека втората најчеста причина за акумулација на салото на стомакот е нерамнотежата на цревните бактерии.

Решение

Добрата вест е дека не треба претерано да вежбате за да се справите со абдоминалната маст, бидејќи интензивните аеробни вежби ќе го зголемат производството на кортизолот. Релаксирачките вежби како долги прошетки, јога и пилатес ќе го нападнат стомакот и ќе го намалат стресот.

Белиот леб, тестенините, бонбоните, цитрусно овошје и алкохолот ги надувуваат и ги хранат тие цревни бактерии, па затоа јадете од нив колку што е можно помалку.

Протеините како што се пилешко, риба, зеленчук и зеленчук богат со растителни влакна, како што се компирот, маслинките и цвеклото ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот низ цревата и го стимулираат варењето на храната.

Продолжува на страна 2