Местата на кои се дебелеете откриваат здравствени проблеми

2805

Масти на рацете

Акумулацијата на масти во горниот дел на рацете, кои ги забележувате и при благо нишање, е индикатор дека вашите рацете се вашата проблематична област. Ако тешко можете да го намалите обемот на своите раце, а тие се првите на кои го забележувате зголемувањето на телесната тежина, најверојатно причината за вашиот проблем е акумулацијата на токсини во телото.

Луѓето кои имаат поголеми количини на бисфенол А во телото имаат склоност да ги акумулираат мастите во рацете, покажа неодамнешна американска студија. Бисфенолот А во организмот доаѓа преку контакт со пластика, а ако избегнувате пластични шишиња веќе во три дена ќе ја намалите количината на бисфенол А во телото за околу 77 отсто, појасни Camm.

Решение

Користете стаклени или други материјали наместо пластични шишиња и садови. Извонредно решение за елиминирање на салото на рацете е бикрам јогата која вклучува вежбање во простории со зголемена влажност на воздухот и температурата. Таа ќе го забрза процесот на потење, а со тоа и отстранување на токсините. Насочените вежби како што е обратниот склек, односно склек за трицепс, ќе ја зголемат циркулацијата во вашите раце и ќе го намалат обемот на масното ткиво.

Подуени образи

Ако имате тркалезно лице, подбрадок и првите знаци на дебелина ви се појавуваат на лицето, најверојатно, причината за тоа е задржување на водата. Често пати мастите на лицето ги следат оние на вратот, а причината – прекумерно пиење алкохол. Алкохолот ја дехидрира кожата, а дехидрацијата поврзана со алкохолот предизвикува задржување на водата во лицето.

Решение

Намалете го внесот на алкохолни пијалоци и стимулирајте циркулација во оваа област со благи кружни движења неколку пати на ден. Започнете од носот и масирајте нанадвор во насока на ушите.

– Таквите масажи во моментот подобруваат проток на лимфата, која ја намалува подуеноста. Олеснете ја масажата со масло за масирање на лице – советува рефлексологот Paolo Lai.

Јавачки бедра 

Ако имате тенка половината и силни бутови, и секогаш купувате облека со помал конфекциски број за горниот, а поголем за долниот дел од тело, тогаш имате класична крушковидна форма на телото. За овој вид на дебелина најодговорна е генетиката, а предноста е во тоа што луѓето од оваа структура на телото се со помала веројатност подложни на срцеви заболувања.

Решение

Избегнување на производи од соја е единственото нешто во исхраната која можете да ја промените за да го намалите уделот на маснотиите на тој дел од телото. Од вежбите, изберете сквотови и исчекори, бидејќи тие ќе го зголемат тонусот на мускулите, и ќе ги направи вашите бутови да изгледаат потесни. Исто така, сите аеробни вежби кои го забрзуваат срцевиот ритам ќе помогнат во топењето на маснотиите.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk