Откриена е врската меѓу загадувањето на воздухот и аутизмот

289

Кај мајките кои за време на бременоста биле изложени на загадување на воздухот, има засилен ризик од раѓање деца со аутизам, покажа истражувањето.

Авторите пресметале дека овој ризик може да е два пати поголем во однос на жени кои живеат на места коишто не се загадени. Ова е прво истражување во САД за врската меѓу аутизмот и загадувањето на воздухот кое ја опфаќа целата американска теорија.

Тоа е спроведено од научници од Универзитетот Харвард во Бостон, Масачусетс. Нашето истражување е алармантно, бидејќи покажува дека според типот на загадувач помеѓу 20% и 60% од жените живеат во области со зголемен ризик од аутизам за нивните деца, коментира Андреа Роберт од „Харвард”.

Докажано е дека микроскопските честички од издувните гасови на автомобилите кои содржат олово, манган, жива и метилхлорид влијаат врз мозочните функции и развојот на детето. Ова не е прво ваково истражување, но претходните истражувања го истражувале ова влијание само во три региони на земјата, додека ова ја покрива целата нејзина територија. Авторите на студијата ги проучувале податоците од друго долгорочно набљудување, што е иницирана во 1989 година и опфаќа 116 430 медицински сестри.

Во оваа група научниците набљудувале 325 жени кои имаат дете со аутизам и 22 000 други, чии деца не се погодени од оваа болест. Утврдено е дека жените кои живеат во позагадени средини, покажуваат два пати поголем ризик од аутизам на нивните деца, отколку жителите во чисти подрачја.