Пластичната амбалажа како потенцијална причина за болести

2041

Новите истражувања упатуваат на тоа дека дијабетисот, дебелината, срцевите болести, нарушената работа на штитната жлезда и некои типови на рак, можат да бидат поврзани со одредени хемикалии со кои речиси секојдневно доаѓаме во контакт.

Дали пластичните шишиња за вода, садовите за подгревање на храната или антибактериските средства се сосема безбедни? Можат ли да бидат причина за некои заболувања?

Новите истражувања спроведени на Универзитетот во Тексас наведуваат дека дијабетисот, дебелината, болестите на срцето, проблемите со штитната жлезда и некои типови на рак, можат да бидат последици од влијание на одредени хемикалии со кои секојдневно сме во допир.

Се работи за супстанции, кои според тврдењето на фармакологот на Тексашкиот универзитет во Остин, Ендрју Гор, влијаат на работата на хормоните. Се работи за бифенолот, кој се содржи во пластичната маса со која се обложува внатрешноста на конзервите за пакување на храната и безалкохолните пијалоци, некои козметички средства и средствата за гасење на пожар, како и средствата кои се користат во антибактериски цели.

Во Американското ендокринолошко здружение дојдоа до тие заклучоци врз основа на увид во над 1.300 студии. Членовите на здружението сметаат дека релевантноста на овие резултати ја потврдува и фактот дека податоците потекнуваат од лекари кои лечеле луѓе со хормонални проблеми, а не од научници кои се бават со влијанието на хемикалиите на лабораториски животни или изолирани клетки

„Да не се подгрева храната, ни пијалоци во пластични садови!‟

– Доказот е веродостоен! Хемикалиите во производите кои секојдневно ги користиме ја нарушуваат работата на хормоните на начин кој е штетен по здравјето на луѓето, тврди Гор и додава дека „стотици студии упатуваат на ист заклучок без оглед на тоа дали се работи за долгорочни епидемиолошки студии со луѓето, лабораториски експерименти на животни или истражувања спроведени внатре во групи на луѓе кои се професионално изложени на влијание на хемикалии‟.

Експертите предупредуваат дека изложувањето на хемикалии кои ја блокираат или нарушуваат работата на хормоните треба да се сведе на најмала можна мерка, но и со безбедносни тестови треба да се утврди дали има нови и да се исклучат од производите за секојдневна домашна употреба.

Според Гор, треба да се избегнуваат пластичните шишиња за вода и подгревањето на храна во пластични садови, бидејќи постои опасност на висока температура да ослободуваат хемикалии во храната, потоа што помалку да се јаде полуготова или готова храна во која можат да се најдат хемиски средства, а наместо тоа многу побезбедно е да се купува свежо овошје и зеленчук.

Неодобрување од страна на луѓе од други струки

Заклучоците на Ендокринолошкото здружение очекувано предизвикаа многу остра реакција од страна на американската хемиска индустрија.

– Извештајот изнесува неосновани тези за поврзаност на болестите и некои хемикалии, се наведува во соопштението на Американскиот совет за хемикалии – најголемо национално здружение на хемиската индустрија.

Советот упатува на ставовите на регулаторните тела, како Агенцијата за заштита на животната средина, која не ја поддржува идејата дека малите пореметувања во работата на хормоните се причина за здравствени проблеми.

Исто така сметаат дека извештајот на Здружението за ендокринологија не ја зема предвид разликата меѓу ендокрино-активните хемикалии т.е. тие кои влијаат на ендокриниот систем и тие кои го нарушуваат ендокриниот систем.