10 работи кои не треба да ѝ се кажат на бремена жена

17950

Познато е дека бременоста е посебен период во животот на секоја жена.

И сите во желбата да помогнеме, ги бомбардираме бремените жени со совети за тоа што и како треба да направат.

Иако сме сигурни дека сите тие совети се најдобронамерни, некои имаат репутација на „строго забранети“ бидејќи другата страна може да ги сфати како навредливи , здодевни и иритирачки.

Во продолжение, мал список на дел од нив:

“Дали беше планирано?”

Да, сигурно ќе ви каже дека авантура за една ноќ, скинат кондом или едноставно премногу алкохол довело до нејзината состојба во моментот. Или пак, ќе ви открие дека долги години се обидувале со партнерот да остане бремена. Некои работи е подобро да се премолчат. Честитајте ѝ и не се обидувајте да дознате дали било планирано, спонтано, измолено или нешто сосема десетто, битно е дека таа во моментов блеска од среќа.

“Мора да ти е жал што не е машко, сите татковци сакаат син”

Секако дека мајката нема да го продолжи разговорот раскажувајќи колку е разочарана дека носи ќерка а не син. Впрочем, ставете се на нејзино место. Што вие ќе одговорите на ова прашање? Што и да е, живо и здраво да е. Дури и да имала одредени желби за полот на бебето, тука нема право на избор, „штркот“ одлучува што ќе им донесе на идните родители.

“Сто посто не се близнаци?”

Да, сто посто не се близнаци и сто посто ова го прашувате поради нејзините килограми. И да, сто посто е злобен коментар..

“Многу си слаба. Воопшто не се познава дека си трудна.”

Ви честитаме, само што го пуштивте црвот на сомнежот во умот на идната мајка. Сега таа се прашува дали се храни правилно, дали е се во ред со бебето и зошто не се познава нејзиниот стомак. Иако можеби вие сте сакале да ја пофалите за добрата линија, идната мајка почнува да се двоуми дали се е во ред со неа и со бебето.

Продолжува на страна 2