Самостојна изложба на Снежана Мелник | +18

3254

Оваа сабота на 28.09.2019 во Бифе Тафталиџе ќе биде отворена самостојна изложба на Снежана Мелник (Snegana Melnyk), на која ќе бидат поставени 50 акварели, цртежи од нејзиното творештво на тема еротика, сликани во периодот од 2018/2019 година.

За време на отворањето ќе биде прикажана и дигитална проекција на некои од делата на Снежана.

Ве чекаме во сабота на супер изложба и дружба.

*18+

“Чистината на едно Доживување”

/// од сенките на некои минати светови,одекнува Глас Форма, креативна фантазија,,
Која не се вклопува во ниту една концептуална шема..

Со Идеален личен поглед кон Се Живо и Неживо, Тоа е нашата Драга Мелник ?
Дела сериозно врзани за нејзиниот животен простор..Идилична волшебна медитеранска приказна / Поема.

Огромна страст кон Сликарската авантура,Органско поврзување со Виденото – Невиденото..со Емотивното и Пластичното ..

Длабока експонирана лична – емотивна борба Со Интимниот свет и со оној Свет !, кој секогаш се обидува да Обесхрабри..

Моќни и Ненаметливи Дела Совршен Спој на Нелогичноста и Логичноста во нас.
Реалност и Живописност вкоренета во Просторот во душата и во Светлината.
Колоритност во Прагот на самото зачнување и губење. Висока Сензибилна и Интимна Црта.

Драгата наша Мелник е идеален Сеизмограф за најскриените и најдлабоките емоции // – Трајче Николовски.