Земјата има 8,7 милиони живи видови

1747
Anglerfish

Нашата планета има приближно 8,7 милиони живи видови, од кои 6,5 милиони се на земјата, а 2,2 милиони живеат во водени услови.

До сега од овие 8,7 милиони видови, само 1.230.000 (14,1 отсто) се откриени, инвентарирани и каталогизирани, истакнуваат истражувачите одвелат глобалните мрежи “Пописот на морскиот живот” (Census of Marine Life), авторите на трудови објавени во американскиот весник PloS Biology.

Нивната проценка се темели на најновите техники на таксономијата и овозможува попрецизно го определува бројот на видови, за разлика од претходните во кои дебатираа 3 до100 000 000 видови.

Anoplagaster cornuta

Огромното мнозинство од 8,7 милиони видови се животни – 7.770.000 од кои се каталогизирани 953,434 видови. Следните се габи со 0.610.000 милиони видови, 0,3 милиони видови растенија, протозои (групи едноклеточни организми) со 0.040.000, а кромисти (алги и други микроорганизми) со 0.030.000 видови.

Бактериите и други групи на микроорганизми не се вклучени во овие бројки.

“Научниците со векови ги интересирало колку живи видови постојат на Земјата, а одговорот е од пособна важноаст,  бидејќи на човековите активности и нивното влијание ја забрзуваат стапката на изумирање”, вели Камило Mora од Универзитетот во Хаваи и Универзитетот Dalhousie во Халифакс, главен автор на студијата.

Според неговите зборови, “бројните видови би можеле да исчезнат пред тие да сознаат за нивното постоење, единствена улога во екосистемот и потенцијалниот придонес за подобрување на благосостојбата на луѓето”.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.