Мажите со жолтоцрвеникава коса страдаат два пати поретко од рак на простата, утврдиле експерти од Националниот институт за онкологија во САД.
Испитана била обратната врска помеѓу сончевото зрачење и рак на простата. Направениот заклучок покажува дека колку поголемо е влијанието на ултравиолетовите зраци, толку помал е процентот на заболувања и смртноста поради рак на простата.
Сè е кодирано во генот на жолтоцрвенокосите мажи. Молекуларниот механизам на феноменот засега не е многу јасен, но според научниците во неговата основа е зголеменото ниво на витамин D, што се синтетизира во организмот како одговор на влијанието на сончевата светлина.
Имено, големото количество на витамин D го намалуваат ризикот од развој на рак на простата кај мажите со жолтоцрвеникава коса. Авторите на студијата признаваат дека нивоата на витамин D во организмот ја дефинираат и пигментацијата на косата и очите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.