Ништо од Супервулканот во Јелоустоун, бар за сега | Видео

2435

Пред пет години по интернетот се појави текст со застрашувачка прогноза: Супервулканот во Јелоустоун би еруптирал за две недели!

Поминаа многу “две недели“, но стравот се уште трае, затоа што и ден денеска, ако го загледате вулканот, ви предизвикува морници. Еве го текстот од пред 5 годни објавен од planet today.

Во следните две недели има голема веројатност да започне ерупција на Јелоустоун, прогнозира специјалистот-вулканолог Хенк Хеслер, кој го следи природниот феномен од 2002 година. Прогнозата на научникот е направена по детални пресметки.

Тој регистрирал на територијата на националниот парк околу 2000 благи земјотреси, повеќето фатени само на чувствителниот прибор.Но имало и потреси со јачина од 4 и повисоки степен според Рихтеровата скала, кои беа почувствувани и од околните градови. Според геолозите, супервулканите еруптираат на секои 35 000 години, а неговата последна “претстава” настанало пред повеќе од 60 000 години. Овој процес на “заспан вулкан” сепак може да биде прекинат во секој момент. Ерупцијата на супервулканот ќе доведе до глобални промени во климата за целиот свет. На растојание од кратерот до 1600 километри се живо ќе биде избришано од лицето на Земјата, а целата територија на државите ќе биде покриена со дебел слој пепел, кој на места ќе достигнува до 30 сантиметри. Исфрлените тони пепел пак ќе го затворат сонцето на речиси целата планета и промените во климата ќе бидат драматични, прогнозираат вулкалнолозите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.