Истражувачите од универзитетот Пурдју развија специјална бела боја, која се „лади“ во жешките, летни денови.
Познато е дека темните нијанси ги апсорбираат светлосните зраци, додека посветлите ги рефлектираат, а американската иновација претставува дополнително подобрување.
Бојата на професорот Ксилин Руан рефлектира 95,5% од сончевата светлина и ефикасно ја рефлектира инфрацрвената топлина. Ова придонесува површините да бидат постудени за 7,8 степени Целзиусови од околината.
Поевтино производство
Како база користел калциум карбонат, бидејќи апсорбира малку светлина и скоро целосно го рефлектира УВ зрачењето. Тоа е поевтино решение од постојното, па производството би било финансиски поповолно.
Презентираната иновација е резултат на шестгодишна работа, пренесува порталот „Bug“. Неговата примена, освен во автомобилската индустрија, е можна и во градежништвото.
За да ја испита ефикасноста на новата боја, професорот Руан користел инфрацрвена камера. Тој ги сними обложените површини и ги спореди резултатите, што можете да ги видите на следниот клип.



















