Cyberbullying – користење на интернет, мобилни телефони или други технологии за вознемирување, малтретирање/злоставување или злоупотреба на врсниците – често се во медиумите поврзани со самоубиствата на тинејџери.
Сепак, новите истражувања претставени на крајот на октомври на Конференцијата на Американската асоцијација за педијатри (ААП) кое се одржа во Њу Орлеанс, покажува дека реалноста е уште посложена.
Повеќето тинејџери кои извршиле самоубиство се жртви на злоупотреба и мобинг преку Интернет и на училиште, а многу од жртвите, исто така, страдаат од депресија.
Во студијата, Cyberbullying и самоубиство: ретроспективна анализа на 41 случај”, истражувачите на интернет пребараа сведоштва на млади самоубици каде се cyberbullying наведува како фактор кој предизвикува самоубиство на децата преку интернет.
Потоа ги пребараа интернет медиумите и социјалните мрежи за да соберат информации за демографските показатели и самиот настан. Конечно е применета описна статистичка анализа за да се процени стапката на ментална болест, истовремено постоење на други форми на насилството и карактеристики на електронските медиуми поврзани со секој од случаите на самоубиство.
Студијата идентифицира 41 случај на самоубиство (од кои 24 девојчиња и 17 момчиња на возраст од 13 до 18 години) од САД, Канада, Велика Британија и Австралија. Според истражувањето, 24% од тинејџерите биле жртви на хомофобична злоупотреба, вклучувајќи ги и 12% од тинејџерите кои се идентификувани како хомосексуалци, останатите 12% од тинејџерите кои се идентификувани како хетеросексуалци или непозната сексуална наклонетост.
Продолжува на страна 2



















