Време е за романтично водење љубов

1058

Преуредете ја својата соба за да биде вистинска оаза на сексот. Не е потребно да трошите пари, туку само направете го ова.

Празен кревет

Многумина прават грешка со тоа што од креветот ги фрлаат перниците, а оставаат многу плишани иргачки, меѓу кои сексот и не е пријатен. Доволно е да исфрлите се од креветот, и да не ви го убиваат расположението.

Запалете ја атмосферата

Осветлувањето е уште еден сексуален божји дар, а сите често го занемаруваат. Темницата е неугодна, па размислете за ночни амбиентални ламби или свеќи кои заедничките моменти ќе ви ги направат поромантични. Не е лошо да имате и ламбичка со потенциометар за да дозирате количина светлина,но секако ништо не е толку романтично како свеќи, особено со некој опоен мирис.

Магични мириси

Ако не живеете со својот маж, туку само повремено разменувате нежности кога ќе наврати кај вас, искористете го магичниот учинок на вашиот парфем. Нашприцајте ја неговата перница и така осигурајте ги сништата во кои вие ќе бидете на прво место. Собата исполнете ја со мирисни масла, свеќи и стапчиња или букет најомилено цвеќе. Секако пробајте!