5 добри причини никогаш да не викате на своето детето

1563

Методите на воспитувањето се разликуваат од семејство до семејство. Кога родителите се премногу благи децата ќе пораснат во разгалени луѓе. Но и премногуте строги односи оставаат непријатни последици.

Во сѐ е најважно да се биде умерен и подолу ќе објасниме зошто е толку опасно да се вика на децата.

Секој родител сака да му биде пријател на своето дете, а тој да биде прв кој ќе дознае што се случува во неговиот живот. Но, дали можеш да се дружиш со оној од кој се плашиш? Во најдобар случај стравот минува со годините, а во најлош случај, човекот продолжува да се плаши од сите возрасни, дури и кога веќе не е дете.

Како тоа да се промени?

♦ Запомнете дека и точката на гледиште кај детето, исто така, има право да постои.

♦ Секогаш дајте му можност да се изрази.

♦ Изградете лик на добар советник, а не оној кој напаѓа.

Научниците докажале дека викањето дејствува на детето, исто како и физичкото казнување. Поконкретно, ако се односувате грубо кон вашето дете, тоа често почнува да се затвара во себе, па воспоставување на доверливи односи, станува практично невозможно.

Како тоа да се промени?

♦ Однесувајте се кон детето како кон себе рамен.

♦ На ситна пакост одговарајте со хумор.

♦ Повеќе интересирајте се за тоа што сака и за она што го интересира.

Таквите заклучоци произлегле од едно истражување. Прејадување поради стрес е еден од најчестите проблеми на современото општество, кој не ги заобиколува ниту децата. Научниците, исто така, тврдат дека децата кои се карани со или без причина, ги очекуваат хормонални нарушувања, намалена срцева активност и воспалителни процеси во организмот.

Продолжува на страна 2