Според брахманистичкото и будистичкото учење, кармата е принцип кој се заснова на моралните начела и верувања дека нашиот сегашен живот, карактер и судбина ги определиле дејствијата извршени во претходниот живот.
Таа ги претставува добрите и лошите дела на човекот со кој се определува нашата повторна инкарнација односно реинкарнација.
Врз основа на принципите на апсолутната правда, казна или награда, доктрината за кармата нѐ поттикнува да размислиме за своите постапки и да преземаме одговорност за својот живот.
Овен (21 март – 20 април)
На луѓето родени во овој период кармички им е доделена исклучителна енергија, која се граничи со агресија, а воедно значи и бегство од монотонијата и самокритичноста. Со правилното користење на овие вродени квалитети луѓето полесно ќе ги извршат својата животна задача, која се состои во изнаоѓање на баланс во себеси. Бидејќи тие се растргнати помеѓу внатрешните и надворешните предизвици тешко ќе им биде да пронајдат мир и сигурност за кои тежнеат сѐ додека преку самопожртвуваноста и неуспесите не научат да се справуваат со животот и тогаш кога по нивните патеки не се расфрлани цвеќиња.
Сѐ што треба да се направи е да по многубројните искачувања (а особено падови) земат сила и да го отпуштат минатото без жалење и остатоци, да продолжат да живеат во сегашноста, гледајќи секогаш и исклучиво напред. Тие мораат, без горчина и самосожалување, да му овозможат на искуството да биде нивниот учител на животот и да пронајдат среќа и внатрешно исполнување во флексибилноста и разбирањето на животот како и во прифаќањето на своите и границите и можностите на другите.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















