Риби (20 февруари – 20 март)
Иако на знакот Риби кармички му е доделена значителна способност на интуитивното размислување и дејствување, припадниците на овој знак се често збунети од реакциите и притисоците на околината и врзани се со желба на секој да му угодат; одговараат на барањата и очекувањата кои не се во нивен интерес. Ако направат грешка на нозе ќе издржат неподнослива измислена казна, која самите си ја наметнале, сметајќи ја за отплата на долгот, наместо ситуацијата да ја променат во своја полза. Што и да направат Рибите би требало да се потпираат на сопствените инстинкти и да не придаваат премногу внимание на разумот ниту да се додворуваат на мислењето на другите луѓе за тоа што е добро за нив.
Бидејќи нивните чувства, по правило, се точни, сѐ што треба да направат е да ги усогласат своите постапки со своите емоции. При тоа не мора да се борат, доволно е да бидат искрени и да се препуштат. Нешто да се бара значи и да се добие и да се даде. Нивната кармичка задача се состои од избегнување на силата и барање на сопствен пат, без додворување на потребите на другите.
Тие мораат одлучно да ги елиминираат сите ситуации во кои присилно се принудени да прават нешто што не им одговара.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















