Мижи Анѓо да ти баам | Еве зошто во животот ви се случуваат непријатности/неволји!

1438

Јарец (22 декември – 20 јануари)

На луѓето родени во знакот на Јарец кармички им е доделена способноста за издигнување на духот над материјата. Тие имаат за цел постигнување на супериорно знаење и на тој пат често поминуваат низ разни искушенија. Во текот на животот, често се соочени со недостаток на разбирање на околината, која тешко ги прифаќа нивните идеи или ставови. Чувствителни во душата, не се приспособуваат лесно и обично со бруталноста ќе ги прикријат своите вистински чувства. Кога би требало да бираат, тие попрво ќе се одлучат за критика отколку за разбирање, и попрво за одмазда отколку за простување. Тие не можат да се откажат од прекрасниот вкус на победата, па дури и по цена такво задоволство да им донесе повеќе штета отколку добро.

Затоа мора да научат како да не бидат цинични и со негативен став кон својата околина, во обид да ја докажат својата интелектуална супериорност. Признанијата кои ги добиваат често се заслужени, тие ќе ги добијат, но не знаат да ја покажат топлината и благодарноста. Од друга страна, пак, нивната подготвеност за саможртвување и одрекување понекогаш се граничи со фанатизам. Мора да избегнуваат изолација во тишина и осаменост и да се присилат на социјални контакти. Треба да научат како да се отворат и да воспостават блиски односи со другите луѓе.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 11