Вага (23 септември – 22 октомври)
Вагите тежнеат кон рамнотежата помеѓу духот и материјата, и тешко е да се одлучат за каква било акција. Благи и помирувачки, не се подготвени да се вклучат во конфликти, дури и по цена на губење на сигурноста во себе. Но, вртејќи им го грбот на проблемите и постојано барајќи полесен начин, генерално, не постигнуваат ништо добро, туку поставуваат низа нови бариери во начинот на градење на сопствената личност. Нивната кармичка задача се состои од прифаќање на ризикот и внесување промени во својата статичност.
Откако ќе се отворат кон предизвиците, ризикувајќи ја својата лажна стабилност, тие можат да очекуваат поголеми животни достигнувања. Понекогаш на тоа ги учат падовите, кои се резултат на нивната прекумерна нестабилност и чувствителност и способност сами да се убедат дека тие се добри и тогаш кога тоа не се, па откако ќе ги исцрпат сите други можности ќе тргнат во борба за докажување на својата способност. Ако успеат да застанат на патот на својата инерција, научените лекции на овој начин во иднина ќе се покажат корисни. Клучните задачи на овој знак се зајакнување на храброста и иницијативи и непомирување со моменталната ситуација.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 8



















