Мораа да исчезнат | Апаратите за кока кола, грицките, фритезите … – National Geographic

294

Една не толку слатка приказна – Мораа да исчезнат.

Апаратите за кока кола, грицките, фритезите, фрлени на улица стоеја заедно со друг отпад под црното небо зад Основното училиште Киркпатрик, едно од неколкуте основни училишта во Кларксдејл во Сојузната Држава Мисисипи. Тоа се случуваше пред седум години кога властите почнуваа да ја сфаќаат сериозноста на проблемот.

Кларксдејл, град на устието на две реки, познат по почетокот на златното време на Делта блуз, чии полиња со памук и рамниците се простираат покрај брегот на Мисисипи и чии викторијански куќи се уште блескаат со својата убавина, се најде во центар на огромната американска здравствена криза. Зголемена дебелина, дијабетис, висок крвен притисок, срцеви болести.

Некои научници тврдат дека сето тоа е последица од конзумирање на производи од шеќерна трска, посеви од кои многу предци на денешните жители на Кларксдејл стигнаа на оваа хемисфера во ланци. – Сфативме дека мораме нешто да преземеме – вели Сузан Волтон, директорка на Киркпатрик.

Волтон која се родила и пораснала во Кларксдејл, ме води низ училиштето и ми раскажува за начините на кои ова училиште се обидува да помогне на своите ученици – печено наместо пржено, овошје наместо колачи – од кои многу деца земаат два дневни оброка во училишниот ресторан. Таа носи бел мантил, наставничка униформа која инаку се носи во понеделник, а со која се истакнува посветеноста на ова училиште на здрав живот и здравјето. Афроамериканци се 91 отсто од учениците, додека седум отсто се белци, а тројцата латиноамериканци ги сочинуваат преостанатите два отсто.

– Овие деца јадат што ќе им се понуди, а тоа најчесто е премногу благо и многу евтина храна: колачи, кремови… Тоа мора да се промени, бидејќи влијае на здравјето на учениците – вели таа.

Продолжува на страна 2