Научниците докажаа! Пенисот покажува колку долго неговиот сопственик ќе живее!

1034

Должината на пенисот нема никаква врска со должината на животот, ако тоа на прва сте го помислиле, туку се работи за тоа како функционира. Ризикот од прерана смрт поради пенисот може да биде 70%.

Познато е колку е еректилната дисфункција прилично непријатна за многу мажи, но помалку е познато дека таа состојба може да влијае на животниот век. Американските научници предупредуваат дека мажите со овој проблем, имаат 70 % поголема шанса да живеат пократко од другите. Иако е присутно мислењето дека од еректилната дисфункција страдаат главно постари мажи, многу е пораспространета и меѓу младата популација. Речиси 20 % од мажите помлади од 40 години го имаат овој проблем.

– Оваа состојба може да доведе до кардиоваскуларни заболувања кои го зголемуваат ризикот од прерана смрт. Веќе е познато дека еректилната дисфункција е поврзана со кардиоваскуларни фактори на ризик, вклучувајќи ги и хиперлипидемијата (невообичаено високо ниво на масти во крвта, холестерол и триглицериди), хипертензија (висок крвен притисок), дебелината, шеќерната болест и пушењето – објаснуваат научниците на Универзитетот во Мисисипи.

До тој заклучок дошле откако ги проучиле податоците од 1.790 мажи на возраст меѓу 20 и 85 години, кои учествувале во анкетата Испитување на националното здравје и исхраната во 2003 и 2004 година. Меѓу другото, прашањата ги покривале и деталите за нивната ерекција. Овие податоци ги поврзале на крајот на 2011 година со податоците на оние кои умреле во меѓувреме и заклучиле дека еректилната дисфункција е силна индикација од прерана смрт.

Научниците откриле дека 557 учесници во ова истражување имале проблеми со ерекцијата, а по речиси 8 години, 244 од нив починале. Кај 61 учесник причина за смртта биле кардиоваскуларни болести, 64 од нив починале од малигни неоплазми, 12 од хронични респираторни болести, а другите поради други причини. Земени се во предвид возраста, физичката активност, националност, обемот на половината, приходот … Авторите на крајот заклучиле дека испитаниците кои страдале од еректилна дисфункција имале 70 отсто поголеми шанси за прерана смрт.

Сепак, научниците напоменуваат дека овој резултат на нивното истражување сепак треба да се земе со претпазливост, бидејќи потребни се многу повеќе испитувања за да дознаете повеќе за овој проблем. Прашањето е колку одредени испитаници реално ја оцениле својата ерекција или проблемите со неа. Студијата е објавена во Journal of Sexual Medicine, пишува Daily Mail.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk