Откријте му ја на детето убавината на подарувањето

491

Со подарувањето се развива несебичност, емпатија, креативност, свест за другите и нивните потреби и желби, а празниците се идеално време децата да ги научиме да даваат.

Новогодишните и божикните празници секогаш не потсетуваат на некои основни вредности. Не заборавајте дека во тие ситуации децата внимателно набљудуваат како постапувате.

Секој кој го слуша своето дете,  знае дека подароците не се тие кои најмногу го радуваат на празниците, туку пораката, која се крие зад нив. Фокусирањето на меѓусебните односи и времето кое во таа прилика им се посветува на децата им пружаат чувство на сигурност и постојаност, а подароците се убава манифестација на љубовта кон најблиските.

Тајм аут од обврски

За нас возрасните, празниците се бегство од немилосрдното секојдневние, тајм аут од обврските и проблемите и „големо будење“ во врска со личностите, кои го сочинуваат нашиот живот. Секако дека размислуваме за подароците со кои ќе ги израдуваме децата, пријателите, партнерите, родителите…А времето, кое ќе го посветиме на размислувањето на блиските, желбата за добри и убави емоции, кои го следат тој чин не се продаваат во трговските центри. Затоа симболиката на подарување е толку скапоцена.

Подарувањето се учи

Како и во другите сегменти на воспитувањето, вашиот личен пример има одлучувачка улога во просецот на учење, што според психолозите почнува од најрана возраст. Имајќи предвид дека децата уште во најраната возраст имаат потреба да делат (на пример бебињата ги делат залчињата со другите луѓе или со домашните миленичиња), давањето на другите можеме да го набљудуваме како дел од еден поширок социјалем мотив, потреба да бидеме дел од заедницата. Тешко е да се каже кога децата го сфаќаат вистинското значење на подарувањето. Како и во многу други работи и во овие сегменти на животот, важна улога играат механизмите на идентификација и имитација.

Алтруизмот, односно желбата нешто да дадеме, без да очекуваме каква било награда е особина, која се развива преку растењето и станува карактерна црта на личноста. Со подарувањето на другите децата го вежбаат сочувството, размислуваат што би го израдувало другиот, се ставаат во негова позиција. Со подарувањето се развива несебичност, креативност, свест за другите и нивните потреби и желби.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk