Спортот не може да биде привилегија само за богатите деца | Видео

191

*Од гостувањето на координаторката на Левица – Сектор спор, Весна Кираџиева во емисијата „Магазин“.

„Промените во спортот би ги започнала од нула, односно од образованието. Физичкото образование во училиштата е занемарено, а часовите се заменуваат со други предмети, па се создава фрустрација кај децата.

Ова е последица на тоа што најчесто спортските сали се зафатени, бидејќи нема доволно простор. Од друга страна, тие се изнајмуваат за приватни часови, за пари. Така, доведени сме во ситуација кога оној кој може да плати, да си го дозволи ова, или пак своето дете да го прати на приватни часови.

Секое дете мора да има можност за физичка активност, ова не е привилегија, тоа е во склоп на самото образование, тоа е основа. Не може да биде привилегија само за богатите деца.“