Научниците мислат дека знаат што е навистина мистериозното „златно јајце“ што го откриле на дното на морето | Видео

963

Иако на видеото изгледа златно, но ова „јајце“ на површина има помалку мистична боја.

Научниците кои нашле нешто што личи на златно јајце на брегот на Алјаска, мислат дека успеале да откријат што точно е тоа.

Овој бизарен предмет, кој научниците го отстраниле од морското дно, би можел да биде лушпа од јајце или остатоци од морски сунѓер. Но, што точно е, ќе треба да се утврди во лабораторија. Научниците од Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) го опишаа како меко, речиси како ткиво на кожата.

Меѓутоа, кога направиле ДНК анализа, откриле дека се работи за сосема ново животно, досега непознато за науката.

Како што пренесува Daily Mail, американските научници внимателно ќе го проучат примерокот и ќе направат дополнителни генетски анализи за да откријат за какво животно може да се работи. Она што е особено интригантно е фактот дека предметот бил пронајден „празен“ со дупка на задниот дел, што може да сугерира дека нешто имало внатре и од него излегло.

Но, д-р Lucy Woodall е повеќе склона да го толкува како сунѓер.

Дупката веројатно е само оштетена со текот на времето. Но, тоа би можело да даде сосема нов увид за тоа како животот во морските длабочини преживува и напредува, истакна таа за Daily Mail.

Д-р. Pierre Josso, постдокторски истражувач во British Geological Survey, рече дека објектот е „интригантен, но не е навистина изненадувачки“ и дека сè уште е рано да се каже за неговото потекло.

„Откриваме нови биолошки структури или видови за време на повеќето нуркања бидејќи морското дно ретко се истражува“, изјави тој за Daily Mail. Новите видови – или остатоци од развојните фази на познати и непознати видови – се каталогизирани со зголемена стапка во текот на изминатата деценија, бидејќи длабокиот океан се истражува со поголемо внимание од кога било досега.

Тој истакна дека иако „златната боја“ е она што го привлече вниманието на истражувачите, таа всушност е резултат на сјајот на светлата од подводното возило со далечински управувач. Кога предметот бил изваден на површината, неговата боја била светло-кафеава-жолта.

И додека научниците шпекулираат за што всушност се работи, експедицијата наречена Seascape Alaska 5 продолжува да го истражува морското дно.

Доколку сакате први да видите што се крие таму, истражувањето може да го следите во живо преку овој линк.