Причина зошто треба да го избришете Фејсбук од својот телефон

278

Иако за новите генерации ова е речиси невозможен потфат, има причини зошто веднаш би требало да ја избришете апликацијата на Фејсбук од вашиот мобилен телефон и да пристапувате во најголемата социјална мрежа само преку прелистувач.

Компанијата АВГ, која се занимава со заштита на уредите од разни малициозни зарази, објави листа на апликации кои се најголем непријател на батеријата и на целокупната работа на смартфонот, а Фејсбук апликацијата е прогласена за голем „душман“. Таа е трет најголем виновник за трошењето на батеријата и Интернетот.

Затоа наш совет е отсега пристапот до социјалната мрежа да го правите од некој од прелистувачите, бидејќи ги има истите функции како и апликацијата, но на тој начин се зачувуваат батеријата и Интернетот на телефонот