Зошто постои престапна година?

750

Ниеден ден во календарот не е толку редок како 29 февруари. Уште старите Египќани имале престапна година со еден дополнителен ден. Зошто постои овој ден и престапната година?

На Земјата ѝ се потребни точно 365,24219 дена за една ротација околу сонцето. Значи, нашиот Грегоријански календар не е најточен. Затоа секоја четврта година е подолга за еден ден. Исклучоците служат за коригирање на овој математички компромис, за обезбедување услогласеност на календарската со астрономската година.

Ова инаку не е нов „пронајдок“. Уште старите Египќани знаеле за овој математички проблем. Уште во третиот век пред Христос на својот календар секоја четврта година му додавале по уште еден ден. Римскиот календар бил исто така не сосем точен, па Јулис Цезар во првиот век пред Христос наредил календарот да се дополни со еден втор 24 февруари, денот едноставно се повторувал. Нашата традиција, значи, да се додаде ден на месец февруари, се води од одлуката на Јулиус Цезар. Грегоријанскиот календар е воведен во 1528 година и го користиме до денес.

Изразот престапна година пак е воведен за да означи година со еден дополнителен ден. Некои сметаат дека таа носи среќа, но оние кои се родени на 29 февруари, сигурно не се многу задоволни – роденден можат да слават секои четири години.

DW.COM