Вистината и Лагата | Легенда од 19 век

458

Според една легенда од 19 век, еден ден се сретнаа Вистината и Лагата.
Лагата вели: “Денес е прекрасен денот!”

Вистината погледна кон небото и воздивна, затоа што денот навистина беше прекрасен.

Проведоа многу време заедно и на крајот поминаа покрај еден бунар.
Лагата ѝ рече на Вистината: “Водата е многу убава, дојди заедно да се капеме!”
Вистината, помалку сомнително, ја допре водата и почувствува навистина дека е пријатна.

Се согласи и Вистината и Лагата почнаа да се бањаат заедно. Одеднаш, Лагата излезе од водата, ја облече облеката на Вистината и избега. Вистината збесната излезе од бунарот и почна да ја бара Лагата за да си ја врати облека. Ја бараше Лагата по целиот свет.

А светот, гледајќи ја Вистината гола, врти поглед со презир и гнев. Кутрата Вистина се врати во бунарот и засекогаш исчезна во него, криејќи го својот срам.

Од тогаш, Лагата патува по целиот свет, облечена како Вистината, задоволувајќи ги потребите на општеството, бидејќи во секој случај светот нема никаква желба да ја запознае голата Вистина.

“Вистината излегува од бунар“ од Jean-Leon Gerome, 1896