Еве зошто фолната киселина е значајна за време на бременоста

83

Фолната киселина е витамин од Б-групата (Б9) и е неоходна за правилен раст и развој на организмот.

Конзумирањето доволна колична на фолна киселина е важно за создавањето на црвени крвни зрнца и како превенција за анемија.

Особено е важно кај идините мајки пред и за време на бременоста преку исхрана или суплементи да внесуваат доволна количина на фолна киселина (600-800 микрограми).

На тој начин се обезбедува правилен развој на плодот.

Едно истражување исто така покажа дека лицата кои внесуваат поголема количина на фолна киселина (500 микрограми) поретко боледуваат од депресија.