Грешки на современиот маж во флертот

1562

Излегувањето на средби во денешно време е вистинска уметност. Додворувањето не е едноставно цвет и пијалак, туку потребна вештина и мисла и од двете страни.

Инга Вербеке е експерт за врските и извршен директор на агенцијата за средби Ivy International.

Според неа разгорувањето на искрата меѓу двајца луѓе денес е доста тешко, бидејќи претставниците на посилниот пол станаа мрзливи и прават доста грешки уште во самиот почеток.

Недостаток на дрскост

Денешните мажи не се толку отворени, колку што беа пред неколку години. Искреноста заработува поени, дури и од нивните усти да излегува нешто мрсничко. Отвореноста и директниот пристап се машко однесување и демонстрира самодоверба и една фина ароганција, која многу им се допаѓа на жените.

Не заборавајте дека сè што ви излегува од устата, треба да биде кажано со почит.

Погрешна идеја за улогата на половите

Каде отидоа мажите? Ова прашање слободните дами си го поставуваат барем еднаш на ден. Вистината е дека сè повеќе жени пројавуваат машки карактер и обратно – господата станаа женствени и тоа не само поради метросексуалната визија, туку и поради своето однесување (очекуваат одлуките и одговорноста да паѓаат на плеќите на нивната партнерка која треба и да ги дунка како мало дете).

Љубовта е хармонија, а не пребарување на половина, каква што општеството насликало и се очекува да се најде.

Комплекс од успешните жени

Тешко е да се утврди динамиката во една врска, но повеќето мажи доживуваат вистински предизвик и страв да се поврзат или да се додворуваат на успешни и независни жени. Се чини уште длабоко во нив е вгнездено убедувањето од пред векови дека мажот обезбедува храна, а жената треба да се грижи за семејството.

Преведено во 21 век тоа изгледа вака: Мажот заработува повеќе пари, а жената работи не толку за луксуз и храна, како да се чувствува рамноправна на мажот и да го исполнува времето во кое не се грижи за него. Сексистички, нели?

Вистината е дека не треба да си ги мерите платите. Постои веројатност жената до вас да ве потиснува ако заработува повеќе пари, но во таков случај, таа не е вашата права половина. Дамите имаат потреба од силен, самоуверен и стабилен маж до себе, но тие сè повеќе се бараат и од сопствена реализација во професионален план, не само во личен.

Фокусирање на сексот, а не на романтиката

Нема ништо пострашно за една жена од тоа да се чувствува како секс кукла и единствените вибрации кои ги чувствува од спротивната страна да се желбата на мажот да ѝ влезе во гаќи.

Сексот е важен за една врска, но не е единственото и кај дамите страста се буди често при романтична и интелектуална стимулација.

Овозможуваат на егото да застане на нивниот пат

Љубовта е збунувачка и може да се комплицира сето тоа. Таа нè прави ранливи, а кај некои дури доведува до формирање на стравови и дополнителни грижи. Начинот на кој реагираме на овие настанати чувства, одредува дали врската ќе ни е успешна или не.

Мажите не сакаат да се чувствуваат ранливи. Затоа често, кога ќе почнат да се заљубуваат, минуваат во состојба на негација и се обидуваат да контролираат сè што се случува, се смируваат дека тие командуваат и самодовербата им е загрозена. Ова дополнително ги прави интровертни, таинствени и често тие издигаат високи невидливи ѕидови, кои во даден момент ги дистанцираат од партнерката.