Откриена е тајната која го враќа сексот во вашата спална соба! Секој ден за ова ви треба најмалку еден час

264

Недостаток на желба за секс е сериозен проблем кој во современото општество влијае врз повеќе парови во подолгите врски.

За среќа, новата студија објавена во списанието “Journal of Sexual Medicine” открива како за подигнување на сексуалната желба кај жените најважен е – добар одмор!

– Влијанието на сонот на сексуалната желба и возбуда досега биле запоставени во нашата професија, но овие податоци покажуваат дека недостатокот на сон е одговорен за губење на желбата и возбудата кај жените, вели д-р Дејвид Каламбах, директор на истражувањето од медицинскиот факултет на Универзитетот во Мичиген.

Само еден час повеќе сон на ден ја подигнало сексуалната желба кај жените кои учествувале во истражувањето за 14 проценти.

– Пораката која би требало да ја извлечете не е дека повеќе спиење е подобро, туку дека е важно да се обезбеди онолку сон колку што му е потребно на нашето тело и умот, рече д-р. Каламбах.