Ељтон – најголемото солено езеро во Европа кое го сакале руските цареви

2001
Станислав Казнов

Солената вода на езерото на југот на Русија и понатаму е високо ценета поради своите лековити својства. Таму можете да ги видите и остатоците од „капалиштето“ на царицата Екатерина Велика, старо 250 години.

Езерото Ељтон е најголемото солено езеро во Европа и едно од најголемите на светот. Се наоѓа на југот на Русија, во близина на границата со Казахстан.

Сергеј Фомин/Global Look Press

Името на езерото потекнува од казашкиот јазик, од изразот „Алтин-Нор”, што значи „златно дно”. Од дамнешни времиња тамошните номади ја користеле езерската кал богата со минерали за лекување на кожата и респираторните органи.

Legion Media

Со векови езерото Ељтон било омилената дестинација на руските владетели и аристократи. Тука сѐ уште можат да се видат остатоците од „капалиштето“ на царицата Екатерина Велика.

Станислав Казнов

Денес илјадници туристи од Русија и странство секоја година доаѓаат на езерото поради неговите лековити својства.

Станислав Казнов

Се верува дека солената лековите кал во комбинација со солениот воздух лекува белодробни и дигестивни болести, кожни проблеми и нервниот систем.

Legion Media

Езерото Ељтон порано било еден од најголемите извори на сол во Русија. Луѓето од него почнале да извлекуваат сол во 16 век.

Станислав Казнов

Меѓутоа, во 19 век оваа пракса е прекината. Се сметало дека солта од езерото Ељтон е премногу горчлива и дека содржи премногу нечистотија. Затоа луѓето се свртеле кон неговиот јужен сосед, езерото Баскунчак, од кое и денес се добива сол.

Станислав Казнов

За жал, езерото е длабоко само неколку сантиметри, така што во него не може да се плива.

Станислав Казнов

Сѐ што ќе се најде во неговата солена вода набргу се претвора во бела скулптура од сол и изгледа како да е замрзнато.

Legion Media

Среде лето водата во езерото станува црвена поради микроалгата Dunaliella salina.

Станислав Казнов

Езерото Ељтон е совршено за прошетка, но задолжително треба да носите чевли, затоа што острите иглички сол можат да ја повредат кожата.

Legion Media

mk.rbth.com