Правила кои треба да ги практикувате вашите деца да бидат самостојни

1241

Да се биде родител е најубава, но и најтешка работа.

Мајките и татковците секојднево се соочуваат со дилеми, предизвици, стравови во врска со прашањето за правилно огледување на детето.

Експертите за одгледување на деца собрале 13 правила, кои ги нарекоа „светиот грал“ на воспитувањето. Ова е, велат, се што морате да знаете за одгледувањето на детето:

Дозволете му на детето да згреши

Сакате да одгледате самостојна личност, на детето морате да му дозволите понекогаш за згреши, без при тоа да му помагате. Запоменете – долгорочната добивка е тинејџер, кој на пример самиот знае да си ги испере алиштата.

Пред да се впуштите во тоа да му помогнете на детето во извршувањето на некоја физичка работа прашајте се: „Дали моето дете е во опасност?“. Потоа прашајте се дали детето ги има потребните вештини (спретност и рамнотежа) и дали ги има задоволено оснвоните потреби (дали е наспано или сито). Доколку одговорот е „да“ оставете го детето само да се обиде да ја изврши задачата.

Придржувајте се до трите правила на домашни задачи

– Првото правило – Најрпво направи го она што е најтешко.

– Второ правило – Тргни го мобилниот. За домашната задача на детето можеби ќе му треба технологија, како компјутер, но за тоа време барем не мора да испраќа СМС.

– Третото правило – Откатко ќе ја заврши домашната задача, да го среди ранецот за утре и да го стави покрај вратата.

Овој процес од три чекори лесно може да се освои, така што ќе видите дека вие многу помалку ќе морате да го „измачувате“ поради извршување на училишните должности.

Запоменте до акронимот Г.В.О.У

Нападите на бес често пати се случуваат бидејќи детето е гладно, вознемирено, осамено или уморно.

Практицирајте секојдневни акти на добрина

Учете го своето дете дека на другите треба да им помагаме секој ден, а не само на празниците. Поттикнете го детето барем еднаш дневно да стори некое мало добро дело, на пример да му помогне на пријател или на соседот да ги исчистат паднатите листови. Фокусирајќи се на другите луѓе, детето учи што значи да се биде благодарен.

Бидете строги околу времето за заминување на спиење

Истражувањата докажале дека седум одишните деца, кои немаат одредено време за заминување на спиење имаат повеќе проблеми со однесувањето од оние кои секоја вечер заминуваат на спиење во исто време.

Оставете го да чита што сака

Децата, кои читаат од сопствено задоволство развиваат многу пошироки погледи на светот и се многу подобри не само по општествените, туку и по природните предмети. Најбитно е детето да стекне навика за читање.

Продолжува на страна 2