Утрински напиток од куркума | Видео

137

Во вашиот утрински напиток додавањето на куркума е евтино, пријатно, а и ќе го препороди вашето тело…

Во индиската кујна куркумата е речиси главна состојка, но доколку не ви се допаѓа индиската храна, тогаш како да го вклучите овој прекрасен зачин во вашата исхрана?

Едноставно, зачинете си ја млаката вода со лимон наутро. За дополнително благотворно дејство додадете и прстофат цимет кој има антивоспалителни својства и може да го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Утрински еликсир од топла вода со лимон и куркума

Состојки: 1 шолја топла (не врела) вода, 1/4 лажица куркума, сок од половина лимон и прстофат цимет, 1/8 лажица мед или агава сируп и лажица кокосово масло.

Ставете ги сите состојки во шолјата со млака вода и добро мешајте. Консумирајте веднаш, никојпат не правете залихи.

Додавањето на овој моќен зачин во вашата исхрана е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашето долгорочно здравје.

Бонус видео: